Младата репрезентација на Македонија ги продолжува подготовките за претстојните два натпревари од квалификациите за пласман на Европското првенство кое 2025 година ќе се одржи во Словачка.
Во петок, на 11. октомври, избраниците на Драган Канатларовски ја пречекуваат селекцијата на Молдавија, на домашен терен. Пет дена подоцна на гостински терен играме против селекцијата на Грузија.
„По големата победа над Шведска на самиот старт на квалификацискиот циклус, сите очекувавме многу подобри игри и подобри резултати, како и повисок пласман на табелата, меѓутоа не идеше се по планот. Потфрливме и не бевме на нивото на неколку клучни натпревари, кои според мене моравме да ги добиеме. Мислам дека најмногу недостасуваше реализацијата на претходните натпревари, мораме да ја подобриме форма, пред се на индивидуално ниво во нашите клубови. Сите треба да работиме и да се трудиме повеќе на тренинзите, само така можеме да напредуваме и да се подобруваме“ – вели голманот Марко Алчевски, притоа дополнувајќи:
„Првите мечеви против Молдавија и Грузија ги загубивме, иако не го заслуживме тоа. Се надевам дека на овие натревари ќе одиграме добро и ќе оствариме победи. Секогаш кога се игра за Македонија, мораме да атакуваме на победа, без разлика кој е противникот. Имаме добра атмосфера во репрезентацијата, нашата цел е да завршиме што е можно повисоко на табелата“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА