Алисон Бекер ќе паузира најмалку месец и половина

Алисон Бекер го очекува подолга пауза од терените по повредата што бразилскиот голман ја заработи во финишот од последниот меч на Ливерпул, на гостински терен против Кристал Палас.

Деталните лекарски прегледи покажаа кинење на мускулот, за што според првичните прогнози ќе следи пауза од околу шест седмици. Ова е сериозен проблем за „црвените“ ако се знае дека веднаш по репрезентативната пауза Ливерпул има пеколен распоред и пресметки со Челси и Арсенал во Премиер-лигата, како и дуели со Лајпциг и со Баер Леверкузен во ЛШ, за кои тренерот Слот дефинитивно нема да може да смета на својот прв голман.

Во таборот на Ливерпул се надеваат дека Бекер ќе може да се врати за дуелот со Саутемптон веднаш по ноемвриската репрезентативна пауза. Ова е исклучително важно ако се знае дека веднаш потоа ќе следат дуели со Реал Мадрид во ЛШ и со Манчестер Сити во Премиер-лигата, за кои помошта на Алисон ќе биде исклучително важна за „црвените“.

Се вчитува...