Министерот за Спорт, Борко Ристовски на денешната прес-конференција во Владата говореше на различни теми, повторувајќи го својот став дека спортските легенди не треба да стануваат заштитни лица на обложувалници.
Во тој правец, тој најави дека Горан Пандев, Кире Лазаров и Игор Стефановски – Иџе во иднина нема да бидат дел од овој бизнис.
„Она што сакам да го појаснам, ние како Влада немаме ништо против ниту една компанија да инвестира во спортот,без разлика на нивната дејност, но не сакаме легендите да се истакнуваат во рекламите за обложувалници, казина или за брзи кредити. Нашата забелешка беше во таа насока. Веќе имавме разговори со сите спортисти кои рекламираа вакви фирми и направивме џентлменски договор со нив. Можам да потврдам дека Горан Пандев повеќе нема да ја рекламира обложувалницата што ја рекламираше, истото важи и за Игор Стефановски-Иџе и за Кирил Лазаров, кој веќе некое време престана да го прави тоа. Искрено се надевам дека сите овие личности ќе ги видите од другата страна како промотори на вистинските вредости“, изјави Ристовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА