Чуамени ќе биде капитен на Франција на мечевите од Лигата на нации

За нов капитен на француската репрезентација е назначен Орелиен Чуамени. Килијан Мбапе е повреден и нема да биде на располагање на француската репрезентација за октомвриските натпревари.

Поради ова тренерот Дидие Дешам беше принуден да избере нов капитен. Тој одлучи замена на Мбапе да биде младиот Орелиен Чуамени кој е негов соиграч во Реал Мадрид.

По враќањето на Мбапе во тимот се очекува да му биде вратена капитенската лента. Репрезентацијата на Франција во четврток игра против Израел, а четири дена подоцна гостува во Белгија.

Се вчитува...