Ред дожд, ред тактика на „Сконто арената“ како финална подготовка за мечот со Летонците (ФОТОГАЛЕРИЈА/ ВИДЕО)

ЕКИПА во Рига, Летонија

Владимир Булатовиќ

Македонската репрезентација го одработи и официјалниот тренинг на стадионот „Сконто“ во Рига пред утрешниот натпревар против Летонија во 3. коло од Групата 4 во Ц-Лигата на нациите.

Врнежливото време во главниот град на Летонија го одбележа тренингот на националниот тим, веројатно како подготовка и за утрешниот дуел кој се очекува да биде под слични временски услови.

Селекторот Боби Милевски го искористи за финална подготовка на тимот и разрешување на последните дилеми околу првиот тим кој утре од 18 часот, по средноевропско време, треба да истрча на стадионот „Сконто“ во Рига.

 

 

Се вчитува...