Македонскиот фудбалски интернационалец Љупче Дориев го продолжи договорот со узбекистанска Согдиана на уште две сезони.
Новиот договор на Дориев е вреден речиси 1 милион долари во кој се вклучени плата и индивидуални и тимски бонуси. Струмичанецот пред нешто повеќе од една година од Шкендија се пресели во Узбекистан за 1,5 годишен договор вреден 300.000 долари, не сметајќи ги бонусите. Дориев брзо се исплатеше, бидејќи минатата сезона беше клучен со головите и асистенциите во борбата за опстанок. Оваа сезона тимот е во горниот дел од рангирањето, а Дориев е најдобар стрелец во моментот со 10 голови.
Стариот договор требаше да истече во декември и моќни тимови од Узбекистан и Обединетите Емирати покажаа интерес за напаѓачот, но челниците на Согдиана побрзаа да го избегнат губењето на најдобриот играч на првенството, „отплеткувајќи“ го ќесето за да го врзат за нов договор вреден еден милион долари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА