Откако пред седум дена загубија на домашен терен со максимални 3-0, одбојкарските шампионки на Македонија доживеа и втор пораз со идентичен резултат 3-0, по сетови 25-11, 25-16 и 25-15 против романски Волунтари во првото квалификациско коло за Лигата на шампионите.
Баталаковска и Ѓурѓевиќ со по шест поени беа најефикасни кај Работнички, додека по четири поени реализираа Милевска, Павловска и Николова.
Европската авантура скопјанки ја продолжуваат во ЦЕВ купот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА