Надежите до 19 години со реми против Летонија ги почнаа квалификациите

Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години со реми против Летонија 1-1 ги почна квалификациите за Европското првенство 2025 година.

Во квалификациската група која се игра во Луксембург, нашите надежи имаа негатива од 0-1 против Летонците со голот на Мицкевич во 60. минута. Сепак, „црвено-жолтите“ надежи до крајот успеаја да стигнат барем до реми со голот на Гаштаров од пенал во 76. минута.

Во второто коло на 12. октомври нашите надежи играат со Словачка која во првата рунда славеше над домаќинот Луксембург со 2-1.

Се вчитува...