Тренерот на Интер, Симоне Инзаги беше сослушан во италијанското обвинителство, како дел од опсежната истрага што се води против најжестоките навивачи на Интер и Милан. Како што пренесува Газета дело спорт, Инзаги имал средба со властите и бил третиран како сведок со вредни информации, а не е под истрага.
Обвинителството преку прислушување дознало дека уапсениот лидер на навивачите на Интер, Марко Фердико, му се јавил на Инзаги и побарал дополнителни 200 билети за финалето на Лигата на шампионите против Манчестер Сити во 2023 година.
Фердико е еден од 19. најжестоки навивачи уапсени минатиот месец во акција против мафијата. Скај Италија и новинската агенција Анса објавија дека Инзаги одговорил на сите прашања за време на состанокот опишан како „долг, опуштен, но и исцрпен“.
Инзаги рече дека повикот на Фердико е повеќе „барање отколку закана“ и не е невообичаен и дека неговата мотивација е да избегне нов штрајк на навивачите на Интер, бидејќи имало и претходни протести. Меѓу оние кои се очекува да разговараат со обвинителите во наредните недели се потпретседателот на Интер Хавиер Занети, фудбалерот на Интер Хакан Чалханоглу и капитенот на Милан, Давиде Калабрија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА