Монако преку Макаби до втора победа во Евролигата

Кошаркарите на Монако стигнаа и до втората победа сезонава во Евролигата, откако вечерва на домашен терен во 2. коло славеа против израелскиот шампион Макаби Тел Авив со 85-79.

Гостите одиграа многу подобро во првото полувреме па по 20 минути игра имаа предност од 41-46. Сепак, како изминуваше натпреварот домаќините играа се подобро, па на крајот успеаја да стигнат до целосен пресврт и конечен триумф од 85-79.

Окобо со 17 поени беше прво име во таборот на победникот, додека еден помалку постигна Мајк Џејмс. Кај поразените Лојд заврши со 16 поени.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...