Мората за депресијата: Не можев да поднесам, морав да си заминам од Шпанија…

Алваро Мората во текот на летово беше дел од репрезентацијата на Шпанија која стигна до трофејот на ЕВРО 2024, по што искусниот голгетер реши да си замине од Атлетико Мадрид, избирајќи го Милан за своја следна дестинација во кариерата.

Тој за време на ЕП беше жестоко критикуван од шпанската јавност, во текот на летово се раздели и од сопругата, а во интервјуза „Херера ен Копе“ Мората за првпат говореше за проблемите со кои се соочувал надвор од теренот. Целото интервју ќе биде објавено денеска, но во краткиот исечок што беше искористен во најавата Мората говори за периодот кога се наоѓал во депресија, што воедно било и главна причина за тој да си замине од Мадрид и повторно да заигра во Италија.

„Кога ќе се соочиш со навистина тешки моменти, како депресија или напади на паника, не е важно кој си, колку пари имаш и со што се занимаваш. Тоа е борба со друга личност во самиот себе, борба што ја водиш секој ден и секоја ноќ… На крајот, најдобро за мене беше да си заминам од Шпанија, бидејќи стигнав до точка кога не можев да поднесам, морав да си заминам од Шпанија“, изјави Мората.

Се вчитува...