Војчех Шчесни само неколку месеци беше пензионер, откако ветеранот реши да ја прифати понудата на Барселона и да се врати на најважната споредна работа во светот.
Тој веќе неколку дена тренира со новите соиграчи и би требало да дебитира на мечот со Севилја веднаш по репрезентативната пауза, а Шчесни во интервјуто за каталонските медиуми јасно стави до знаење какво мислење има за гигантот за кој потпиша неодамна.
„Ако кажеш НЕ на Барса, тоа е затоа што немаш мозок, или затоа што немаш мад..а за храброст за ваков предизвик. Ако некој ми кажеше пред еден месец дека денеска ќе бидам овде, добро ќе му се изнасмеев“, изјави Шчесни.
Тој пред само два месеца реши да објави крај на кариерата, раскинувајќи го договорот со Јувентус една година порано, иако можеше добро да заработи само греејќи ја клупата на „старата дама“.
„Си заминав од Јувентус како господин, парите не ми беа важни во тој случај… Господ ме награди со тоа што ми ги отвори вратите за да дојдам во Барселона“, коментира со насмевка полскиот ветеран.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА