Фенербахче со празни раце, Лојд се врати во стариот клуб

Џордан Лојд доцна синоќа го раскина договорот со Макаби Тел Авив, а повеќе од јасно беше дека американскиот поентер ќе нема проблеми да најде нов евролигашки ангажман.

Фенербахче важеше за лидер во трката по поранешниот кошаркар на Црвена Звезда, но турскиот гигант остана со празни раце откако Лојд експресно се договори за камбек во Монако. Тоа е тимот за кој Американецот настапуваше до мај годинава, накратко се пресели во Макаби, но откако реши да го напушти израелскиот гигант Лојд предност во преговорите им даде токму на челниците на Монако.

Последните информации говорат дека е постигнат целосен договор и дека Лојд во текот на денешниот ден ќе потпише договор до јуни 2026 година со „кнезовите“, при што веднаш ќе има право да настапува за новиот клуб во Евролигата.

Се вчитува...