И Ришар Гаске наскоро става крај на кариерата

Откако денеска стигна објавата дека Рафаел Надал става крај на професионалната кариера, уште еден тенисер кој повеќе од 20 години е на турнејата објави дека ќе го направи тоа. Францускиот тенисер Ришар Гаске, кој има 38 години, најави дека ќе се пензионира по Ролан Гарос во 2025 година, објави францускиот спортски весник „Л’eкип“.

„Ќе ја завршам кариерата по Ролан Гарос следната година, мислам дека тоа е најдобро време да го направам тоа. Прекрасно е што како Французин завршувам на такво неверојатно место“, изјави Гаске.

Гаске почна професионално да се занимава со тенис на 15-годишна возраст во 2002 година. Зад себе има 23-годишна кариера.

Се вчитува...