Реал Мадрид доби лоши вести за време на репрезентативната пауза. Долгоочекуваниот камбек на Давид Алаба на терените кој требаше да се случи овој месец, нема да се оствари, откриваат шпанските медиуми.
Стоперот и лев бек заработи повреда на предните вкрстени лигаменти на левото колено уште во месец декември 2023 година, а очекувањата беа дека ќе биде подготвен за игра 10 месеци подоцна. Сепак последните прегледи не поминале во најдобар ред па неговото отсуство ќе биде до јануари 2025 година.
Тоа е голем проблем за Реал Мадрид кој неодамна остана и без искусниот Дани Карвахал. Шпанецот заработи иста повреда како Алаба и за него сезоната е завршена. Покрај него повреден е и Едер Милито па „кралскиот клуб“ ќе биде сериозно ослабен за продолжението од сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА