Клоп мета на критичари: „Клоп е лажен како неговите заби“

Германскиот тренер кој со успех ги предводеше Борусија Дортмунд и Ливерпул, Јирген Клоп најде нов ангажман. Тој во иднина ќе ја врши функцијата глобален шеф на фудбалскиот Ред Бул, односно ќе биде дел од групацијата на овој познат бренд кој под свое крило ги држи клубовите Лајпциг, Салзбург и Њујорк.

Притоа тој во договорот има клаузула која му овозможува да замине од оваа функција доколку се појави можност да биде селектор на германската репрезентација.

А, и покрај тоа што многумина му посакаа среќа на новата функција која не е буквално поврзана со тренерската, за оваа одлука Германецот наиде на жестока критика од страна на германските медиуми и германските љубители на фудбалот. Дел од нив сметаат дека тој ги предал своите идеали и се покажал како сите останати, тргнувајќи по милионска заработка.

„Често во јавноста беше прецепиран како „последниот фронт од моедерниот фудбал“, човек кој работи на погон на страст која му ја пружа Енфилд и „жолтиот ѕид“ на Борусија Дортмунд, а не некоја бездушна коорпорација“, пишува „Der Spiegel“.

Новинарот на „Münchner Merkur“, Гантер Клајн пак на социјалната мрежа „Х“ сподели објава „Клоп е лажен како неговите заби“, осврнувајќи се кон изјавата од 2019 година во која Клоп сподели дека ставил вештачки заби бидејќи имал проблем со болки.

Се вчитува...