Бен Чилвел пред потпис со Манчестер јунајтед

Има многу дилеми што ќе се случува во Манчестер јунајтед, пред се на тренерската позиција, а „црвените ѓаволи“ го подготвуваат јануарскиот преоден рок во кој главна цел ќе им е бековската позиција.

Ерик Тен Хаг долго време се мачи со позицијата лев бек. Лук Шо има проблеми со повреди, Тајрел Маласија исто така има сериозни проблеми со повреда на коленото, па на „црвените ѓаволи“ им е потребен лев бек.

Бен Чилвел, играчот на Челси, веќе некое време е силна желба на Јунајтед. Ерик Тен Хаг не успеа да го доведе повремениот англиски репрезентативец во летниот преоден рок, но тоа ќе се обиде повторно да го стори во следниот.

Чилвел практично е отпишан од Енцо Мареска, што се одразува и во минутажата на англискиот играч оваа сезона. Екс играчот на Лестер одигра само еден натпревар, во Карабао купот за Челси. Тој нема забележано ниту еден настап во Премиерлигата и сосема е извесно дека зимава ќе го напушти „Стемфорд бриџ“.

Се вчитува...