Проблем за Олимпијакос: Петрушев неизвесен за Жалгирис

Грчкиот евролигаш Олимпијакос се соочува со големи проблеми на високите позиции оваа сезона, а тренерот Јоргос Барцокас би можел да има и дополнителен проблем за средбата против Жалгирис бидејќи со тимот не тренираше Филип Петрушев.

Српкиот репрезентативен крилен центар го пропушти денешниот тренинг на „црвено-белите“ поради засега непозната болест и големи се шансите да не биде дел од тимот.

Олимпијакос веќе е без услугите на Мустафа Фал и Никола Милутинов кои го пропуштија почетокот на сезоната поради болест.

Се вчитува...