Алкараз шокиран oд 33. тенисер во светот во четвртфиналето на мастерсот во Шангај

Еден од најдобрите тенисери на денешницата, Карлос Алкараз доживеа шокантен пораз во четвртфиналето на АТП мастерсот од серијата 1000 кој се игра во кинескиот град, Шангај.

Шпанецот во четвртфиналето беше поразен од 33. тенисер на АТП листата, Чехот, Томаш Махач со максимални 2-0, по сетови 7-6 и 7-5.

Во полуфиналето Махач за противник ќе го има најдобриот тенисер во светот, Италијанецот, Јаник Синер.

Се вчитува...