СТАРТНИОТ ТИМ НА МАКЕДОНИЈА: Алиоски на местото на Димоски, во првите 11 и Бабунски

ЕКИПА во Рига, Летонија

Владимир Булатовиќ

Македонскиот национален тим во 18 часот во Рига против Летонија го игра третиот меч во Лигата на Нации. Селекторот Благоја Милевски се одлучи за стартниот состав, во кој има неколку замени.

Поради отсуствата на Серафимов и на Зајков, во одбраната со Муслиу ќе игра Манев. Иако Бојан Димоски требаше да игра во стартните 11, сепак, поради вироза Алиоски „влегува“ во првиот состав.

Бабунски, Елмас и Барди се во офанзивниот дел од средниот ред.

Се вчитува...