Нов пех за Јувентус: Копмајнерс има скршеница на реброто

Италијанските медиуми објавија дека Копмајнерс би можел да отсуствува и до еден месец, поради скршеница на реброто. 

Поради ова, тој најверојатно ќе го пропушти важниот натпревар против милански Интер на 27 октомври.

„Според наодите на лекаите, тој има лесна фрактура на реброто на десната страна “, се вели во соопштението, во кое се истакнува дека неговото враќање на теренот ќе зависи од неговото закрепнување.

Копмајнерс (26), кој летово пристигна од Аталанта за 55 милиони евра, се повреди на натпреварот Јувентус-Каљари минатиот викенд (1:1).

Се вчитува...