ВИДЕО: „Џокерот“ Ќамили ја доближи Македонија до победа во Рига

ЕКИПА во Рига, Летонија

Владимир Булатовиќ

Македонската фудбалска репрезентација е пред победа во Рига, откако постигна и втор гол, и сега има предност од 0-2 над противникот. Лирим Ќамили е „џокерот“ кој ја доближи нашата селекција до триумф, откако погоди во 68. минута од средбата.

Откако доби една долга топка, одлично се ослободи од противничките играчи, и стрелаше со левата нога. 

Претходно во првиот дел Јани Атанасов донесе предност за Македонија. 

Се вчитува...