МЗТ во драматична завршница и по продолжение загуби од Цедевита

МЗТ Скопје го претрпе првиот пораз во АБА 2 лигата, откако на гостински терен во драматична завршница загуби од Цедевита во Загреб со 77-75. „Сино-белите“ од Аеродром можеа да дојдат до втората победа, но „прокоцкаа“ 16 поени разлика и така останаа со пранзи раце на крајот.

Во последната четвртина целосниот пад на македонскиот тим, па така во продолжението веќе немаа сила да дојдат до победата.

Едвин со 25 поени беше најдобар кај МЗТ, но недоволно да се дојде до триумф.

По првата четвртина МЗТ имаше предност од два поени разлика, а на полувремето замина со +10. Меѓутоа таа разлика се топеше, па така на крајот од третиот период имаа шест разлика, за во последната да заврши со „егал“ 68-68.

Цедевита во продолжението брзо дојде до предност од шест поени (74-68). МЗТ се обиде да се врати, меѓутоа не успеа.

Се вчитува...