Атанасов: Покажавме дека секогаш сме подготвени да гинеме за Македонија

ЕКИПА во Рига, Летонија

Владимир Булатовиќ

Македонскиот национален тим дојде до вториот триумф во Лигата на Нации. Ја освои Рига, триумф против Летонија од 0-3 кој ја остава нашата селекција на врвот пред одлучувачкиот меч со Ерменија во Ереван.

Еден од стрелците на головите, Јани Атанасов, кажа дека е задоволен од победата и дека одлично функционирале на теренот.

„Многу важни три бода, се спремавме за три бода. Покажавме дека тука сме за Македонија, секогаш сме подготвени да гинеме за националниот дрес. Во Ерменија одиме исто така по победа. Сега останува да се одмориме, па останува да се договориме како ќе игра на следниот меч, и секако нашата цел е триумф“, изјави Атанасов.

Тој рече дека Македонија вечерва имала контрола врз натпреварот.

„Бевме трпеливи, имавме контрола на натпреварот, кога требаше да напаѓаме, напаѓавме, кога требаше да се браниме се браневме. Навреме постигнавме втор гол, и тоа ни донесе мир и на крај заслужено победивме“, рече фудбалерот од средниот ред на Македонија.

Се вчитува...