Поранешниот фудбалер Пауло ди Канио, верува дека сите директори на Манчестер Јунајтед треба да бидат уапсени, поради тоа што решиле да го продадат Скот Мектоминеј во Наполи.
Јунајтед се реши за 30 милиони евра да го продаде играчот од средниот ред на Наполи.
„Би заминал директно кај луѓето од управата на Манчестер Јунајтед и би побарал апсење на сите директори – како можеа да го пуштат МекТоминеј“, рече Ди Канио.
Тој ја коментираше Серија „А“ во моментов и кажа дека Наполи може лесно да стане шампион.
„Ако Интер и Јувентус продолжат вака, со овој пад на формата, Наполи ќе нема проблем да ја освои титулата“, изјави Ди Канио.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА