Многу од светските фудбалски ѕвезди се погласно протестираат поради пренатрупаниот распоред на натпревари во сезоната. Бројот на натпревари постојано се зголемува, а играчите решија да го изразат своето незадоволство. Еден од најжестоките критичари е играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Родри .
– Годинава ќе одиграме можеби 70 или 80 натпревари, не знам точно. Во зависност од тоа колку далеку одиме на натпревари. Тоа е премногу. Треба да се грижиме за сопствената благосостојба и да ја намалиме таа бројка. Никој не не консултираше и сега ја преминавме границата. Верувам дека многу играчи се согласуваат со мене, а доколку вака продолжи, можно е да има штрајк – изјави Родри, кој недолго потоа Шпанецот заработи тешка повреда, која го оддалечи од теренот до крајот на сезоната. Нему му се придружија Дани Карвахал, како и голманот Алисон Бекер.– Морам да признаам дека календарот на натпревари е преполн. Стигнавме до границата. Тоа е ситуација која има двоен ефект врз клубовите. Некои се преоптоварени, а некои имаат доволно резервен капацитет – изјави Чеферин
За можниот штрајк на играчите, Чеферин рече:
– Да бидам искрен, тие што зборуваат за штрајк се најплатените играчи и клубови со 25 врвни играчи. Од друга страна, фудбалерите со помали плати или клубовите со помал персонал немаат исти поплаки. Сакаат да играат – додаде Чеферин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА