Германија гостува во Босна и Херцеговина во рамките на третото коло во Лигата на нации. Натпреварот ќе се игра во Зеница, на Билини Поље, а Германците беа шокирани од состојбата и изгледот на стадионот.
На многумина им привлекоа око во соблекувалната на стадионот, а гостинските новинари дури направија видео за нив, кое брзо стана вирално на социјалните мрежи.
На прес-конференцијата тренерот Јулијан Нагелсман и голманот Александар Нубел беа прашани за состојбата на соблекувалните, ја смируваат ситуација.
„Всушност е шармантно. Не сме играле толку често на таков стадион“, рече Нагелсман и ја сврти ситуацијата на позитивна страна. Тој подвлече дека му е важно теренот да биде во добра кондиција, и дека не се грижи за тушевите и соблекувалните, бидејќи таму нема да се тушира по натпреварот.
„Поубаво е од училишниот терен, имавме помала соблекувална од училишна сала во Штутгарт една година кога се реновираше стадионот“, рече Нубел и со шеговит тон додаде дека сепак ќе се тушира на стадионот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА