Солскјер ја „откачи“ Данска

Норвешкиот стручњак Оле Гунар Солскјаер одбил понуда да ја преземе функцијата селектор на репрезентацијата на Данска.

Според „Типсбладет“, Данскиот фудбалски сојуз доставил понуда до Солскјаер, но била одбиена. Се истакнува дека Норвежанецот е во преговори за работа во врвен клуб, чие име се уште не е откриено.

Солскјер е без работа од ноември 2021 година. Последен клуб на 51-годишниот специјалист беше англискиот Манчестер Јунајтед . Норвежанецот ги предводеше „црвените ѓаволи“ од декември 2018. Пред тоа Оле Гунар Солскјаер работеше и во Молде и Кардиф.

Пред неколку недели се шпекулидаше дека може повторно да го презеде тимот на Манчестер Јунајтед, но до тоа не дојде.

Се вчитува...