Инцидент во Евролигата: Играч на Ефес го гризна противникот

На дербито на турската Евролига гледачите беа сведоци на немили сцени кои не им припаѓаат на спортските терени. Како гостин, Фенербахче го победи Анадолу Ефес со 87-83 , , но вниманието не го привлече резултатот, туку конфликтот на паркетот.

Во третата четвртина дојде до конфликт помеѓу Елија Брајант и Тарик Биберовиќ. Брајант се обиде да го запре Биберовиќ, но и двајцата завршија на подот. При станувањето вербалниот конфликт прераснал во физичка пресметка.

Судиите мораа да ја прегледаат снимката, а потоа решија да ги испратат двајцата играчи кои направија хаос во соблекувалната. Сепак, она што не го забележаа на мониторите беше, во најмала рака, бизарно.

Камерите го снимија моментот за време на гужвата во која играч на Анадолу Ефес го гризна Биберовиќ, слично како фудбалерот Луис Суарез еднаш ги гризна Бранислав Ивановиќ и Џорџо Кјелини. Ниту Брајант не поминал неповреден, па на грбот имало видливи гребаници од кои крварел.

Видео од инцидентот на следниот ЛИНК.

Се вчитува...