Набргу откако во јавноста се појави информација дека „Барселона се согласила да го плати долгот на Френки де Јонг од 15 милиони евра“, европските медиуми пренесуваат дека долговите кон клубовите од кои се донесени играчите ја преминале границата од 100 милиони евра.
Како Барса сè уште може да носи и регистрира играчи и за каков финансиски фер-плеј се работи, никому не му е јасно. Во основа, Лидс Јунајтед ги чека првите рати на име обештетување за Рафиња во висина од 42,5 милиони евра од 2022 година. За трансферот на Феран Торес треба да се уплатат 26 милиони евра на сметката на Манчестер Сити (13 милиони веднаш, 13 на рати). На Севилја и должат 24,5 милиони евра за Жил Кунде, а на Баерн 21 милион за Роберт Левандовски.
Долга е листата на клубови на кои Барселона им должи, но сумата што Лапорта треба да ја плати само на Лидс, Сити, Севилја и Баерн е 114 милиони евра. Во текстот што го објави каталонски „Спорт“ не се наведува дали е платено нешто од обештетувањето за трансферот на Олмо од Лајпциг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА