Јасикевичиус: Се обидовме да го ангажираме Леброн

Кошаркарот на Фенербахче, Скоти Вилбекин ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото, па ќе ја пропушти целата сезона.

На прес-конференцијата по победата на Фенербахче над Ефес во второто коло од Евролигата се зборуваше и за замената на Вилбекин. На прашањето дали Фенербахче ќе бара замена за Вилбеник.

„Се обидовме да го ангажираме Леброн Џејмс, но поради неговите договорни обврски со Лос Анџелес Лејкерс, тој нема да може да дојде“, изјави тренерот на Фенер, Шарунас Јасикевичиус.

Фенер има два триумфа по првите две кола во Евролигата.

Се вчитува...