Надежите на Цапар со минимално водство на полувреме против Молдавија (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година има водство од 1-0 на полувреме против репрезентацијата на Молдавија на мечот кој се игра на ФФМ тренинг комплексот „Петар Милошевски“ во Скопје какоа дел од квалификациите за Европското првенство во 2025 година.

Водство за нашата репрезентација од 1-0 донесе фудбалерот на словенечки Домжале, Бехар Фета на асистенција на Филип Трпчевски во 11. минута. Нашите надежи имаа уште неколку шанси до крајот на првиот дел, но не успеаја да го загрозат голот на гостинскиот чувар на мрежата.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...