Ѓоковиќ загуби сет, но се пласираше во полуфиналето на мастерсот во Шангај

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на АТП мастерс 1000 турнирот во кинескиот град Шангај, откако денеска во последното четвртфинале по голема борба славеше над младиот чешки тенисер Јакуб Менсик со 2-1, по сетови 6-7, 6-1 и 6-4.

Иако имаше брејк предност на (4-5) во првиот сет Србинот на крајот го загуби откако Менсик во тај-брејкот беше подобар со 7-4. Вториот сет фуриозно го доби Ѓоковиќ со 6-1, а на крајот славеше и во третиот со 6-4 за ново полуфинале на мастерс 1000 турнирите.

Во полуфиналето Ѓоковиќ за противник ќе го има американскиот тенисер, Тејлор Фриц кој со максимални 2-0, по сетови 6-3 и 6-4 беше подобар од Белгиецот, Давид Гофан.

Се вчитува...