Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година славеше со 2-1 против репрезентацијата на Молдавија на мечот кој се одигра на ФФМ тренинг комплексот „Петар Милошевски“ во Скопје како дел од квалификациите за Европското првенство во 2025 година.
Победа за нашата репрезентација од 1-0 донесе фудбалерот на словенечки Домжале, Бехар Фета на асистенција на Филип Трпчевски во 11. минута. Нашите надежи имаа уште неколку шанси до крајот на првиот дел, но не успеаја да го загрозат голот на гостинскиот чувар на мрежата.
Во второто полувреме избраниците на Драги Канатларовски успеаја да го исконтролираат резултатот, a Kaмбери во 94. минута зголеми на 2-0. Пред самиот свиреж на главниот судија Молдавците само усепаја да го ублажат поразот (2-1) преку Раилеану само минута подоцна. До крајот на квалификациите „црвено-жолтите“ надежи ги чека уште мечот со Грузија на 15. октомври во Тбилиси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА