УЕФА со казна за навивачите на Лацио и Атлетико Мадрид

УЕФА соопшти дека ги казнила Лацио и Атлетико поради расистичкото однесување на нивните навивачи во европските натпреварувања. Управниот орган на европскиот фудбал објави дека два сектори на стадионот Курва Норд (48 и 49) на Лацио ќе бидат затворени за следниот домашен натпревар на италијанскиот клуб во Лига Европа против Порто на 7. ноември, по расистичкото однесување на навивачите во победата од 4-1 против Ница минатата недела. Лацио е казнет и со 45.000 евра.

Атлетико е казнет со 30.000 евра со една година условна забрана за продажба на билети на своите навивачи на гостински натпревари во натпреварувањата на УЕФА.

Навивачите на Атлетико покажаа „расистичко/дискриминаторско“ однесување во поразот од 4-0 во Лигата на шампионите против Бенфика минатата недела.

Се вчитува...