Александар Петровиќ ќе остане селектор на кошаркарите на Бразил до 2028 година, соопшти Кошаркарскиот сојуз на оваа јужноамериканска земја.
Хрватскиот стратег ќе ја предводи бразилската селекција до крајот на следниот олимписки циклус, кој завршува во летото 2028 година, кога ќе се одржат следните Олимписки игри во Лос Анџелес.
„После освојувањето на квалификацискиот турнир во Летонија, и седмото место на Олимписките игри, Александар Петровиќ продолжува како селектор на машката репрезентација на Бразил. Покрај хрватскиот стручњак, заедно за циклусот „ЛА 2028“ ќе остане и целата негова екипа помошни тренери“, соопштија од Кошаркарскиот сојуз на Бразил.
Петровиќ преку квалификациите го предводеше Бразил до Олимписките игри во Париз, каде неговата репрезентација стигна до четвртфиналето, во кое беше елиминирана од Соединетите Американски Држави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА