Ѓоковиќ и Федерер се сретнаа во Шангај: Кај си стари?

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во Шангај се сретна со поранешниот ривал Роџер Федерер. Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на турнирот во Шангај, откако во четвртфиналето го совлада чешкиот тенисер Јакуб Меншик со 2-1 во сетови.

По мечот тој се сретна со поранешниот голем ривал Федерер, кој се подготвуваше да одигра егзибициски меч па разменија неколку зборови.

„Каде си стари?“, му рече Новак, а потоа разменија уште неколку зборови.

Се вчитува...