Заниоло дополнително повикан во репрезентацијата на Италија

Фудбалерот на Аталанта, Николо Заниоло, дополнително е повикан во италијанската репрезентација. Тој беше повикан наместо Лоренцо Пелегрини, кој поради суспензија нема да може да игра против Израел.

Пелегрини доби директен црвен картон на натпреварот против Белгија (2-2) и нема да може да игра в понеделник во Удине кога Италија го пречекува Израел во четвртото коло од групата А2 од Лигата на нации.

Тренерот на „аѕурите“ Лучијано Спалети поради тоа го повика Заниоло, кој веднаш му се приклучи на остатокот од тимот во подготовките за мечот против селекцијата што Италија минатиот месец во Будимпешта ја доби со 2-1.

Заниоло нема играно за Италија од март, а не беше ниту во ростерот на Спалети за Европското првенство во Германија.

Се вчитува...