Најдобриот француски фудбалер Килијан Мбапе повторно го навлече гневот на фудбалската јавност во својата татковина. Откако претходно му кажа на Дидие Дешам дека ќе ги пропушти натпреварите од Лигата на нации против Израел и Белгија поради повреда, а потоа одигра два натпревари за Реал Мадрид (против Лил и Виљареал), Мбапе сега повторно ги налути своите сонародници.
Додека критиките се слеваат врз него, пристигнаа папарацо слики од ноќно излегување, ни помалку ни повеќе од Стокхолм. Шведскиот весник „Афтонбладет“ објави фотографии од Мбапе по излегувањето од ресторанот со пријателите, а се наведува и дека тој потоа отишол во еден од ноќните клубови во шведската престолнина.
Не се знае зошто Мбапе го избра Стокхолм за одмор и закрепнување од повредата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА