До мај годинава играше за Ливерпул, денеска објави крај на кариерата

Џоел Матип денеска објави дека ја завршува професионалната кариера, откако фантастичниот дефанзивец не успеа да си обезбеди трансфер каков што посакуваше по летното заминување од Ливерпул.

Камерунецот по осум години минати на „Енфилд“ летово си замина како слободен играч, по 201 настап и 11 постигнати погодоци за тимот на Јирген Клоп. Тој беше поврзуван со клубови од Англија и Италија, последната понуда ја доби од својот поранешен тим Шалке, a откако реши да ја одбие и неа Матип на крајот пресече – на 33-годишна возраст кажувајќи му збогум на фудбалот.

Една од причините беше и тешката повреда на коленото поради која Камерунецот беше надвор од терените уште од декември минатата година.

Се вчитува...