Изградбата на новиот „Камп Ноу“ полека влегува во завршна фаза, но каталонскиот храм на фудбалот денеска беше место на одигрување на невообичаен дуел – масовна тепачка меѓу работници на оваа спортска арена.
Шпанските медиуми јавуваат дека двете спротивставени групи биле поделени по земјата од која доаѓаат, едните од Албанија, другите од Романија. Во тепачката учествувале над 20 лица, биле користени и метални палки, а има и повредени кои морале да побараат медицинска помош.
Полицијата уапсила неколку лица кои биле вклучени во инцидентот, а менаџерот веднаш ги отпуштил од работа сите оние кои биле дел од тепачката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА