Никола Јокиќ ќе се приклучи на друштвото врвни кошаркари кои имаат свои персонализирани патики откако најдобриот центар во НБА-лигата потпиша договор со брендот 361.
Суперѕвездата на Денвер нагетс долго носеше патики на американската компанија „Најки“, но откако повторно беше одбиено барањето Јокиќ да има специјални патики тој реши да ја смени компанија со која ќе соработува.
Експресно беше постигнат договор со водечките лица на брендот 361, патиките ќе се викаат Џокер е, а ќе има и верзија Џокер 1 ГТ, но дизајнот барем засега се чува во тајност.
Пред Јокиќ своја линија на спортска опрема имаат и кошаркарски легенди како Мајкл Џордан, Леброн Џејмс, Кевин Дурант, Стеф Кари, Лука Дончиќ…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА