Една од најубедливите победи на македонската репрезентација во својата историја дефинитивно е победата над Ерменија, токму во Ереван, од 0-5 во квалификациите за СП 2022.
Тогаш, на 11. ноември 2021 година, македонската селекција триумфираше убедливо во мечот кој го одбележа хет-трикот на Енис Барди.
На Македонија, предводена од БлагојаМилевски, тогаш апсолутно и беше неопходна победата во битката за второто место кое потоа не одведе во баражот за пласман на Мундијалот 2022. И, националниот тим одигра феноменален натпревар во кој целосно ги надигра секогаш незгодните Ерменци.
Покрај трите гола на Барди, стрелци за Македонија беа и Александар Трајковски и Милан Ристовски. Трајковски поради повреда сега отпадна од комбинација за мечот, а Ристовски, ако се суди според неговата желба, квалитет и мотив од мечот со Летонија од пред два дена, повторно се очекува да биде со минутажа и на утрешниот натпревар во Ереван…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА