Олимпија Милано синоќа против Париз стигна до првата евролигашка победа во новата сезона, а тренерот Еторе Месина не го криеше задоволсвото што неговиот тим успеа да се врати во финишот и со пресврт да стигне до триумф.
Италијанскиот првак беше ослабен поради неиграњето на Небо, Болмаро и Флакадори, но сепак собра сили за да стигне до победата.
„Ни недостигаше Болмаро, кој е многу важен од дефанзивен аспект, особено против тим како Париз кој игра многу брза кошарка. Сепак покажавме дека сме голем тим бидејќи одговоривме на пречките со кои се соочивме и направивме чекор напред. Како што има кажано Шарунас Јасикевичиус, да победуваш и да учиш од грешките што си ги направил е многу подобро отколку да губиш и да учиш од истите грешки“, изјави Месина.
Искусниот стручњак упати зборови за поддршка кон нашиот Ненад Димитријевиќ, но и останатите нови играчи кои дојдоа летово во Милано.
„Јас не се сомневам во нивните квалитети, треба само малку трепение. Дајте им време, тие ќе бидат одлични играчи за нас“, истакна Еторе Месина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА