Јанирк Синер се пласираше во големото финале на Мастерс-турнирот во Шангај, откако славеше во првата полуфинална пресметка против Мачак со 2-0 во сетови. Ова е четврто финале во низа на турнирите на кои учествува Синер, откако Мачак по вчерашниот триумф над Алкараз не успеа да стигне до нов подвиг.
Чешкиот тенисер почна одлично и го отвори мечот со водство од 2-0, но првиот светски рекет експресно се врати израмнувајќи на 2-2. Синер потоа стигна до нов брејк и го доби првиот сет со 6-4, а Мачак може да жали што при 3-3 во вториот сет не искористи две брејк шанси. Синер успеа да се извлече, а потоа при 6-5 ја искористи првата меч-топка, визирајќи си го пласманот во финалето.
Останува да се види дали ривал на Италијанецот во мечот за трофејот ќе биде Новак Ѓоковиќ или пак Американецот Тејлор Фриц, кои ќе се сретнат во второто полуфинале во Шангај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА