ЕКИПА во Ереван,
Владимир Булатовиќ
Англиски судии ќе бидат задолжени за делење на правдата на утрешниот натпревар меѓу Ерменија и Македонија во рамките од четвртото коло од Лигата на Нации.
Стјуарт Атвел ќе биде прв судија на дуелот во Ереван, негови помошници ќе бидат Сјутарт Бурт и Акил Хосон, додека четврти судија ќе биде Тони Харингтон.
Крис Каванаг ќе има за задача да ги разгледува спорните ситуации во ВАР-собата, а негов помошник ќе биде Шон Мејси.
Натпреварот меѓу Ерменија и Македонија се игра в недела со почеток во 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА