Ѓоковиќ е тениски Бог: На еден чекор до 100 трофеи во кариерата, посилен и од повредата и од Фриц

Новак Ѓоковиќ ја покажа сета своја тениска големина откако славеше со 2-0 во сетови против Тејлор Фриц, обезбедувајќи пласман во големото финале на Мастерс-турнирот во Шангај. Србинот таму за ривал ќе го има првиот носител Јаник Синер, против кого Новак ќе се обиде да стигне до својата 100. титула во кариерата.

Самиот почеток на денешното полуфинале мина во знакот на Ѓоковиќ, Фриц се спаси од 0-40 при првиот сервис-гејм, но нешто подоцна Србинот успеа да стигне до брејк и да го освои првиот сет со 6-4. Новак потоа имаше три брејк шанси што не ги искористи при 2-2, а Фриц првите брејк шанси ги имаше дури пред крајот на сетот.

Во овој период очигледно беше дека Ѓоковиќ тешко се движи по теренот, Србинот повика и физиотерапевт за да му помогне, по што се влезе во неизвесна завршница. Вториот сет беше решен во тајбрејк, Фриц имаше водство од 6-5 и сервис, но Ѓоковиќ одговори на вистински начин, освои три поени во низа и стигна до победата која значи и пласман во големото финале.

Се вчитува...