Официјално: Хуго Виана, нов спортски директор на Манчестер Сити

Манчестер Сити експресно ги разреши сите дилеми околу директорската функција по најавеното заминување на Чики Бегиристаин, откако англискиот првак и официјално го именуваше Хуго Виана како наследник на Шпанецот.

Името на Виана, кој беше спортски директор во Спортинг Лисабон, веднаш беше во преден план по објавата на Бегиристаин, а управата на Сити не само што ги интензивираше преговорите, туку и го потпиша договорот што е со важност од 1 јули 2025 година.

„Хуго Виана ќе почна со целосен работен ангажман од летото 2025 година, но во меѓувреме ќе работи заедно со Чики неколку месеци претходно за да дојде до што полесно пренесување на обврските и упатување во работата што го чека“, се вели во соопштението на Манчестер Сити.

Останува да се види дали Пеп Гвардиола ќе ги следи стапките на својот добар пријател Бегиристаин и летово ќе си замине од Манчестер Сити. Доколку тоа се случи, главен фаворит за нов тренер на Сити ќе биде Рубен Аморим, со кого Виана разви беспрекорна соработка во Спортинг Лисабон.

Се вчитува...