Ѓоковиќ пред финалето: Синер е најдобар во светот, тој ќе биде фаворит утре…

Новак Ѓоковиќ не го криеше задоволството откако српскиот тенисер во одличен меч славеше над Тејлор Фриц и се пласираше во големото финале од Мастерс-турнирот во Шангај.

Со тоа Новак е избори за дуел со Јаник Синер, на кој Србинот со победа би стигнал и до јубилејниот 100. трофеј во неверојатната кариера.

„По пет години се вратив во Шангај, ова е моето место на успехот, и Шангај и ПЕкинг… Подддршката што ја добивам е феноменална и од срце им благодарам на сите. Беше многу исцрпувачки, на моменти останував без енергија, но фановите ми дадоа сила. Имав проблеми, но среќен сум што победив во два сета и сочував дел од силите. Ќе беше лошо ако требаше да играм три сета со Фриц“, изјави Ѓоковиќ.

Србинот свесно фаворитската улога во утрешното финале му ја препушта на противникот, кој воедно е и прв носител на турнирот.

„Се вртам кон дуелот со Синер, тој моментно е најдобриот тенисер во светот. Тој е фаворит, јас ќе гледам да ги надминам проблемите со кои се соочив, да излезам на терен и да одиграм најдобро што можам“, порача Новак Ѓоковиќ.

Се вчитува...