ЕКИПА во Ереван, Ерменија
Владимир Булатовиќ
Еден од најстандардните македонски репрезентативци, незаменливиот во одбраната Висар Муслиу, за среќа, нема посериозна повреда на ногата, покажаа денешните лекарски прегледи и дополнителни снимања во Ереван.
Па, во зависност од состојбата во текот на утрешниот ден ќе се знае дали Муслиу ќе може да биде во комбинација за натпреварот со Ерменците.
„Снимката не покажа некоја сериозна повреда, освен силен удар поради кој чувствува болки. Ќе видиме како ќе се однесува повредата низ следните часови. Најверојатно ќе го пропушти и денешниот официјален тренинг во Ереван, со надеж дека ќе биде подготвен за утрешниот меч“ – порачуваат од македонскиот стручен штаб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА